ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
ЈЗУ Универзитетска Клиника за неврохирургија е со седиште во главниот град на Република Северна Македонија – Скопје. Просторно е сместена на вториот кат во зградата на хируршките клиники (комплекс од претходните хируршки клиники).
До 05.09.2007 година работеше како организациона единица на бившата ЈЗО-ЈЗУ УКЦ Скопје со адреса: ул.„Водњанска“ бр.17.
Неврохируршката клиника во Скопје повеќе од 50 години активон се занимава со лекувањето на пациентите со неврохируршки заболувања, краниоцеребрални повреди, вродени аномалии на централниот нервен систем, а со оглед на агломерацијата на случаевите има стекнато големо искуство и реноме во третманот на овие пациени со оваа патологија.
Неврохируршката клиника е единствена институција од ваков вид во државата која ги згрижува сите неврохируршки пациенти. Клиниката исто така е и универзитетскаустанова на која работат 5 доктори на медицински науки при Медицинскиот факултет, континуирано се изведува наставна и образовна дејност, се врши усовршување на здравствените работници како и научно-истражувачка дејност.
Неврохирургија во светот и кај нас е една од најтешките и најскапи медицински гранки, пред се заради користењето на скапи дијагностички процедури, софистицирана опрема, како и изведување на сложени и тешки оперативни зафати кои ги налага специфичната патологија на болеста.
СТАТУС
-Регистрација- Централен регистарч решение за вршење на дејносстч дејности/услуги ЈЗУ Клиника за Неврохирургија е основана како нов правен субјект на 05.09.2007 година со одлука на Владата на Република Северна Македонија бр. 19/3888/1, а врз основа на член 91 од Законот за здравствена заштита и Законот за Здравствени установи за вршење на здравствена, научна – наставна и истражувачка дејност. о одлука на Вада на РМ бр.19-3434/1 од 08.07.2008 донесено решение за преименување и пререгистрирање во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Неврохирургија.
На Клиниката за Неврохирургија се обавува и наставна дејност во рамките на катедрата по хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје. Истовремено се врши едукација на специјализанти по неврохирургија, општа ирургија и други специјалности кои во својот сотав имаат облигаторни турниси по неврохирургија.
На ЈЗУ УК за Неврохирургија се изведуваат широк дијапазон на неврохируршки интервенции, што ги опфаќа целосно сите неврохируршки интервенции кои што денес се изведуваат во сите модерни центри во светот. Посебно место во работата на нашата клиника завземаат следните интервенции
- Васкуларна неврохирургија
- Оперативен микрохируршки третман на церебрални аневризми – поставување на клипса
- Ендоваскуларен третман на васкуларни аномалии на крвните садови на централниот нервен систем (емболизација, стентирање, коилинг)
- Оперативен миркрохируршки третман на артерио-венски аномалии на крвните садови на ЦНС
- Оперативен микрохируршки третман на венски ангиоми на ЦНС и други аномалии на крвните садови како што се дурални артерио-венски фистули, длабоки венски аномалии и слично.
- Хирургија на базата на черепот
- Оперативен микрохируршки третман на комплексни тумори на базата на черепот (менингиоми на базата на черепот, макроаденоми, кливус хордоми, неуриноми на кранијалните нерви, краниофарингиоми)
- Оперативен микрохируршки третман на тумори на орбитата
- Ендоскопски ендоназален трансфеноидален третман на тумори на хипофизата
- Функционална неврохирургија
- Микрохируршка декомпресија на тригеминална невралгија
- Микрохируршка декомпресија на глософариниална невралгија
- Фронтална и темпорална лобектомија
- Лезионектомија
- Невроонкологија
- Оперативен микрохируршки третман на супра и инфратенторијални примарни бенигни и малигни мозочни тумори
- Оперативен микрохируршки третман на метастази на ЦНС
- Вградување на Ommaya резервоари за цитостатска терапија
- Спинална неврохирургија
- Предна цервикална дисцектомија и фузија
- Задна цервикална фораминотомија и спинална декомпресија
- Микродисцекотомија на торакално и лумбално ниво
- Хируршки третман на стеноза на спинален канал
- Хируршки третман на тумори на медула спиналис и невромониторинг
- Педијатриска неврохирургија
- Хируршки третман на Arnold-Chiaryмалформација,
- Хируршки третман на вродени краниосиностози,
- Хируршки третман на енцефалоцели,
- Хируршки третман на отворен и затворен спинален дизрафизам (менингоцели и миеломенингоцели, липомиеломенингоцели, дермал синус тракт и слично)
- хируршки третман на хидроцефалија и поставување на вентрикуло-перитонеална дренажа,
- Оперативен микрохируршки третман на педијатриски тумори на мозок и медула спиналис
- Краниоцеребрални повреди
- Хируршки третман на епидурален хематом
- Хируршки третман на акутен и хроничен субдурален хематом
- Хируршки третман на депресивни скршеници на черепот
- Декомпресивна краниектомија
- поставување на надворешна вентрукуларна дренажа и инвазаивен мониторинг интракранијален притисок
- Краниопластика на коскени дефекти
- Хируршки третман и репарација на ликворни фистули
- Периферни нерви
- Биопсија на периферен нерв
- Хируршки третман на бенигни и малигни тумори на периферни нерви
- Хируршка репарација на повреда на периферни нерви
- Минимално инвазивна декомпресија на Карпал-Тунел синдром
- Сите видови на ентрапмент синдроми и ослободување на периферни нерви