ЈЗУ Универзитетска Клиника за неврохирургија е со седиште во главниот град на Република Северна Македонија – Скопје. Просторно е сместена на вториот кат во зградата на хируршките клиники (комплекс од претходните хируршки клиники).
ЈЗУ Универзитетска Клиника има 106 вработени од кои 68 вработени се даватели на јавни услуги во зравство , 29 се помошно технички персонал , и 9 вработени во администрација.
До 05.09.2007 година работеше како организациона единица на бившата ЈЗО-ЈЗУ УКЦ Скопје со адреса: ул.„Водњанска“ бр.17.
Неврохируршката клиника во Скопје повеќе од 50 години активон се занимава со лекувањето на пациентите со неврохируршки заболувања, краниоцеребрални повреди, вродени аномалии на централниот нервен систем, а со оглед на агломерацијата на случаевите има стекнато големо искуство и реноме во третманот на овие пациени со оваа патологија.
Неврохируршката клиника е единствена институција од ваков вид во државата која ги згрижува сите неврохируршки пациенти. Клиниката исто така е и универзитетскаустанова на која работат 5 доктори на медицински науки при Медицинскиот факултет, континуирано се изведува наставна и образовна дејност, се врши усовршување на здравствените работници како и научно-истражувачка дејност.
Неврохирургија во светот и кај нас е една од најтешките и најскапи медицински гранки, пред се заради користењето на скапи дијагностички процедури, софистицирана опрема, како и изведување на сложени и тешки оперативни зафати кои ги налага специфичната патологија на болеста.
СТАТУС
-Регистрација- Централен регистарч решение за вршење на дејносстч дејности/услуги ЈЗУ Клиника за Неврохирургија е основана како нов правен субјект на 05.09.2007 година со одлука на Владата на Република Северна Македонија бр. 19/3888/1, а врз основа на член 91 од Законот за здравствена заштита и Законот за Здравствени установи за вршење на здравствена, научна – наставна и истражувачка дејност. о одлука на Вада на РМ бр.19-3434/1 од 08.07.2008 донесено решение за преименување и пререгистрирање во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Неврохирургија.
На Клиниката за Неврохирургија се обавува и наставна дејност во рамките на катедрата по хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје. Истовремено се врши едукација на специјализанти по неврохирургија, општа ирургија и други специјалности кои во својот сотав имаат облигаторни турниси по неврохирургија.
На ЈЗУ УК за Неврохирургија се изведуваат широк дијапазон на неврохируршки интервенции, што ги опфаќа целосно сите неврохируршки интервенции кои што денес се изведуваат во сите модерни центри во светот. Посебно место во работата на нашата клиника завземаат следните интервенции
ОДДЕЛИ НА КЛИНИКАТА
– ОДДЕЛ ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО КОНСУЛТАТИВНА ДЕЈНОСТ
– ОДДЕЛ ЗА БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ
– ОДДЕЛ ЗА ДЕТСКА НЕВРОХИРУРГИЈА
– ОДДЕЛ ЗА ОПЕРАЦИОНИ САЛИ И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ
– ОДДЕЛ ЗА ЕНДОВАСКУЛАРНА НЕВРОХИРУРГИЈА
На Универзитетската клиника за неврохирургија дел има 11 кревери во одделот за интензивно лекување и 30 кревети по останатите оддели кои се менуваат според потребите.
Клиниката има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и врши услуги на осигурениците кои се наплатуваат со партиципација согласно зо законот за ЗЗ на РМ
За пациентите кои немаат осигурување усллугите се наплатуваат во целост а се пресметуваат според ЦЕНОВНИК НА ФЗОРСМ