До.
др.Б Шунтов и целиот медицински персонал.
Почитувани,
Ви го испраќам овој меил со желба да ја изразам мојата најдлабока благодарност до Вас и до целиот Ваш тим за успешно изведениот оперативен зафат.
Вашата стручност, заедно со високиот професионализам на целиот медицински персонал на Клиниката за неврохирургија, ми влеваа голема сигурност во секој момент од мојот престој. Се чувствувам добро и навистина го ценам вниманието и хуманоста што ги покажавте.
Ви благодарам што бев во сигурни раце и што Вашата посветеност на оваа одговорна професија ја извршувате со толкава грижа за пациентите.
Ви посакувам многу здравје, лична среќа и понатамошни големи успеси во Вашата работа.
Со искрена почит и благодарност,
Ивица С.