Косара Елезовска е млада личност која е посветена сопруга, грижлива мајка на малолетно дете и одговорен работник во нашата клиника

Како болничар за нега на болен секојдневно се грижи за здравјето и благосостојбата на пациентите, покажувајќи хуманост, професионалност и пожртвуваност.
Покрај својата професија, нејзина голема љубов е музиката. Има завршено основно и средно музичко образование, свири на клавир и виолина, а преку музиката ја изразува својата креативност и чувствителност.
Косара успешно ги усогласува семејниот живот, професионалните обврски и љубовта кон уметноста, претставувајќи пример за посветеност, труд и истрајност.
