ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ ДО PROJECT HOPE

Почитувани,
Од името на нашиот медицински тим и сите пациенти, упатуваме искрена благодарност до Project HOPE за донираните лекови и инфузомати за потребите на нашата клиника.
Вашата поддршка претставува значаен придонес во унапредувањето на здравствената грижа и обезбедувањето поквалитетен и побезбеден третман за нашите пациенти.
Ви благодариме за довербата, хуманоста и несебичната поддршка!
Со почит и благодарност,
Тимот на нашата клиника
